Агро бизнисБез категоријаВести
Тутунска надеж-Тутунарите да ја диктираат цената на тутунот
Субвенциите за тутунот да се покачат на 120 денари за кг:
Здружението на земјоделци со соопштение до тутунарите
Се поблиску е почетокот на новата откупна сезона.
Според нас, од овој откуп многу зависи иднината на тутунопроизводството.
Ова беше тешка производна година, обременета со лоши временски услови и големи финансиски вложувања.
Поради големите врнежи на почетокот на расадувањето и веднаш потоа, големите жештини и долготрајна суша количините на тутун се двојно помали од очекуваните. Сега имаме квалитетен тутун во мали количини кој има двојно повисока производна цена. Ако декар треба да даде над 200 килограми ,се собраа под 100.
Ова само по себе значи неисплатливо производство без двојно повисока просечна цена од минатогодишната. На ова треба да се додаде и следното.
– ШТОМ ИМА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА КОЛИЧИНИТЕ ЗНАЧИ ОСТАНУВААТ И ПАРИ ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ. ВО СЛУЧАЈОВ, АКО ЛАНИ СУБВЕНЦИИТЕ БЕА 70 ДЕНАРИ ПО КИЛОГРАМ, ОВАА ГОДИНА БЕЗ ПРОБЛЕМ МОЖЕ ДА БИДАТ БАРЕМ 120 ДЕНАРИ.
ПРИ ТОА, ПАРИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВКАЛКУЛИРААТ ВО ЦЕНАТА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТАТ ОТКУПУВАЧИТЕ, БИДЕЈЌИ ЦЕНА НА ПРОИЗВОД И СУБВЕНЦИИ СЕ ДВЕ РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ.
Тутунска надеж ги повикува тутунопроизводителите да не брзаат со предавање на тутунот се додека на маса не седнат сите здруженија, не само (не) легитимниот Сојуз на земјоделски здруженија, откупувачи и претставници на владата и не се договорат условите за откуп.
Ова е година на производителите и редно е да ги земеме конците во свои раце и конечно НИЕ ДА ЈА ДИКТИРАМЕ ЦЕНАТА.