fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште

Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од   одгледувалиштето каде е потврдена  болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена  болеста.

– Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од   одгледувалиштето каде е потврдена  болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.

Како што додадоа оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување   за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи  во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре.

– Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење, велат од АХВ.

Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната   под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close