Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Ќе има пари за тутунарите-Тутунски Прилеп добива пари од државата за откупениот вишок на тутун
Владата обезбеди средства од државниот буџет, преку Ковид програмата. Овие средства ќе се префрлат на сметката на Тутунски комбинат, а потоа во најкус можен интервал ќе им бидат исплатени на тутунарите.
Владата на Република Северна Македонија повторно им излезе во пресрет на тутунопроизводителите.
На денешната седница донесена е Одлука за одобрување на средства во износ од 100.000.000,00 денари, наменети за Тутунски комбинат АД Прилеп како дополнителни финансиски средства за навремена исплата на откупениот вишок на тутун од ланската реколта. Тутунски комбинат Прилеп како компанија со доминантна државна сопственост, ја превзема обврската да откупи најголем дел односно 700 тони од произведениот вишок на тутун. За таа намена, Владата обезбеди средства од државниот буџет, преку Ковид програмата. Овие средства ќе се префрлат на сметката на Тутунски комбинат, а потоа во најкус можен интервал ќе им бидат исплатени на тутунарите.
Министерот Хоџа, на сите состаноци со тутунопроизводителите и откупувачите се залагаше за изнаоѓање на заедничко решение. Неговите заложби за помош на тутунарите, дадоа реален резултат, а тоа е вишокот на тутун да биде целосно откупен.
Утре истекува продолжениот рок за откуп на вишок тутун, со што откупот од реколтата 2020 година, на крајот добива успешен завршеток.