Вести
Тутунскиот комбинат Прилеп го започна откупот на тутун
На осум дена пред официјалниот почеток на годинашниот откуп на тутунот, Тутунскиот комбинат од Прилеп, вчера го отвори централниот откупен пункт. Откупот се вршеше на шест ваги, со тенденција нивниот број да се зголемува во наредните денови. На почетокот, дневната динамика на откупот се очекува да се движи околу 50 тони, а потоа од 50 до 80.
Тутунарите, имајќи го предвид фактот дека има зголемена побарувачка на тутун, како и тоа дека квалитетот годинава е добар, очекуваат повисоки откупни цени.