fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уапсени тројца мажи кај село Маково со оружје во колата

Постои сомнение дека оружјето потекнува од кривично дело

На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола. При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close