fbpx
ВестиМакедонија

Убава вест: Пристигна првиот штрк во Македонија, своето гнездо го смести во селото Богородица

Во гевгелиското погранично село Богородица, според евиденцијата на Македонското еколошко друштво, пристигна првиот штрк предвесник на пролетта во Македонија.

Во гевгелиското погранично село Богородица, според евиденцијата на Македонското еколошко друштво, пристигна првиот штрк предвесник на пролетта во Македонија. Во неделата, штркот безбедно се сместил во своето гнездо изградено врз камбанаријата на селската црква. 

„Пристигна! Пристигна! Првиот штрк пристигна во Македонија! Марјан Иванов ни соопшти дека на 21 февруари пристигнал во Богородица и си го зафатил гнездото. Пишувајте ни за штрковите кои ќе ги видите, по можност сликајте ги и гнездата кои ги користат“, стои во фејсбук-објавата на МЕД.

Гевгелискиот регион,посебно селата Богородица и Стојаково кои се опкружени со вода и изобилство од храна,се сметаат за места со најголем број штркови во нашата земја за кои веќе почна да се води и посебна грижа поради податокот што нивниот број кај нас и во Европа,според последните пребројувања,покажува тенденција на континуирано намалување.

За овие преселни птици се вели дека гнездата ги прават само во еколошки чисти средини што значи дека доколку ги има во вашата средина, живеете во чиста и здрава човечка околина.https://www.slobodenpecat.mk/foto-ubava-vest-pristigna-prviot-shtrk-vo-makedonija-svoeto-gnezdo-go-smesti-vo-seloto-bogorodicza/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close