вестиМакедонијаТоп вести

Спроведување мерки за заштита од доцни пролетни мразeви

 Овошките се често изложени на опасност од доцни пролетни мразeви кои се јавуваат пред, во и после цутењето, при што можат делумно или целосно да ги уништат неотворените и отворените цутови и формираните плодови.

Мерките на заштита се сведуваат на задоцнување на вегетацијата, односно пролонгирање на почетокот на цутење и спречување на температурата да не падне до критичната точка во овоштарникот. Исто така за заштита се користат и помотехнички мерки, како што се одгледување на доцни видови и сорти и користење на бујни подлоги кои го задоцнуваат цутењето, како и избор на локации за садење на овоштарници со местоположба каде што доцни вегетацијата. Од агротехнички мерки се препорачуваат варосување на стеблата и дебелите гранки со смеша од 5 кг. негасена вар, 0,5 кг. сол и 0,25 кг. сумпор во прав, прскање на овошките со разблажени фитохормонски раствори во текот на август и септември (Alfa – naftil – оцетна киселина во концентрација од 0,02 до 0,08%).

Од класичните начини за заштита на овошките од пролетни мразeви кој се уште најдува примена во време на цутење е чадењето. Oвој начин допринесува ублажување на ладењето на воздухот во приземните слоеви во овоштарникот. Мерката е евтина, но не многу успешна, бидејќи температурата се зголемува за само 0,5 до 1,5 степен, но сепак овошките можат да се заштитат во најкритичниот период. Од материјали за оваа намена може да се користат непрегорено арско ѓубре, трула слама, плева, коприви и други материјали кои споро горат и истите се палат кога температурата се приближува кон нулата.

Загревање на овоштарниците со помош на печки во кои согоруваат различни материи е скапа и тешко изводлива мерка. Непрекинатото распрскување со вода во критичното време, исто така може да обезбеди зголемување на температурата во овоштарниците и да спречи појава на оштетување од доцни пролетни мразeви. Основен принцип при распрскувањето (распрашувањето) е водата да се претвори во мраз, при што се ослободува извесна количина топлина. Имено ледената обвивка ја покрива површината на цветот или формираниот плод, додека ткивото на овие органи е заштитено од зголемената температура која се ствара во тој процес. Прскањето треба да трае што подолго и со помала потрошувачка на вода.

Многу важно е да се утврди моментот на почетокот на оросувањето, кое треба да започни кога температурата во круната падне на нула степени. Ако се отпочни порано, нема да се створи мраз и мерката нема да се реализира. До колку се задоцни со оросувањето, може да дојде до зголемување на мрзнењето на цветовите. Овошките се прскаат се додека трае мразот,односно се додека температурата не премине во позитивна.

Најважен момент за извршување на оваа мерка е навременото информирање за појава на мраз, за која цел овоштарите потребно е да соработуваат со метеоролошките служби.

АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close