fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Убавините на Демиркаписката Клисура огрдени со шут, засегнатите бараат решавање на проблемот

Градежниот отпад се наоѓа во кањонот на Иберлиска Река, во должина од околу 400 метри по течението, на потег од стариот автопат до завршетокот на новите тунели.

Откако грчката фирма „Актор“ заврши со изведбата на делницата Демир Капија – Смоквица и изградбата на тунелите, зад себе остави најразличен неразградлив отпад – платна за изолација, арматура, водоводни цевки, пластика, што до ден денес не е отстранет. Покрај тоа што ја грди совршената природа во тој дел, отпадот има штетно влијание и врз животната средина. Општина Демир Капија има слух за проблемот, но за жал, нема доволен буџет од кој може да се одвојат средства за чистење.

Градежниот отпад се наоѓа во кањонот на Иберлиска Река, во должина од околу 400 метри по течението, на потег од стариот автопат до завршетокот на новите тунели.

Отпадот предизвика намалување на рибниот фонд и загадување на Иберлиска Река. Ова следствено придонесува и на загадување на реката Вардар како и на животната средина. Отпадот е видлив за сите уживатели на кањонот, ја нагрдува околината и природните пејзажи што не соодветствува на визијата на Општината Демир Капија и Вардарскиот плански регион да привлече туристи и претставува пречка во промоцијата на туризмот, спортот и рекреацијата на овој локалитет.

Во студијата за случајот за загадувањето во кањонот на Демир Капија, изработена за потребите на Здружението Спортски клуб „Клисура“ – Демир Капија, во рамки на иницијативата „Размислуваме зелено, делуваме одговорно“, како дел од проектот: „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“, кој го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), се истакнува дека гарантниот рок за отстранување на отпадот, како и за пријавување на проблеми и забелешки од страна на Општината е завршен пред повеќе од една година, а во тој период не се превземени никакви мерки од засегнатите страни во проектот.https://nezavisen.mk/ubavinite-na-demirkapiskata-klisura-ogrdeni-so-shut-zasegnatite-baraat-reshavanje-na-problemot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close