fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Учениците од ранливите семејства треба да аплицираат за да ја добијат помошта

Само доколку месечните примања им се до 50 илјада денари

Дел од мерките кои се од деветтиот пакет антикризни мерки почнуваат од 1 декември, додека на мерките за кои ќе биде потребна апликација ќе бидат исплатени во втората половина од декември. Според објаснувањето на министерката за труд и социјална политика, Јованка  Тренчевска, за период од 6 месеци учениците од средно образование ќе добиваат 1.800 денари, додека учениците од основно образование ќе добиваат месечна поддршка од 1.200 денари. Тренчевска потсети дека треба тие да аплицираат доколку се од ранливите категории, а  месечните примањата во семејството им се под 50 илјади денари.

За начинот на кој учениците и студентите ќе може да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки, Владата и Министерството за образование и наука ќе објават подетални информации во следните неколку дена.

Моментално најниската пензија во земјава изнесува 13.200денари. Според Тренчевска 36 милиони евра се издвоени само за пензионерите, тие за 5 месеци ќе добијат плус 15.000 денари на нивните сметки почнувајќи од месец декември.

Министерката објасни дека за исплатата на овие средства за пензионерите на страната на Министерството за труд и социјална политика дополнително  ќе бидат објавени списоците. Ваучер за превоз ќе добијат студентите кои студираат надвор од нивното место на живеење, за период од 7 месеци во зависност од нивното место на живеење ќе добиваат од 600 до 1.200 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close