fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уапсен земјоделец-Се заканувал дека ќе се разнесе пред грчкиот Парламент

Медиуми во Грција пишуваат дека возачот е земјоделец и е целосно безопасен.

Ќе се разнесам, извикувал, според грчките медиуми, возачот на земјоделското возило што утрово предизвика проблеми во сообраќајот во центарот на Атина и мобилизација на полицијата откако се паркираше пред споменикот на Незнајниот јунак на платото пред грчкиот Парламент, во делот наменет само за пешаци.

Грчката полиција интервенираше, го уапси возачот, го запре сообраќајот, го евакуираше просторот, а во возилото пронајде канистер со бензин и плинска боца.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека станува збор за 58-годишен маж кој имал психички проблеми и дошол од градот Каламата на Пелопонез, додека пак други медиуми во Грција пишуваат дека возачот е земјоделец и е целосно безопасен.

Возилото е со залепени пораки: „Турците ја имаат власта во Грција“; „Историограф“ и „Народен суд“. МИА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close