fbpx
ВестиЛов и риболов

Крива Река порибена со 153 килограми пастрмка и крап

Вкупно 153 килограми риба, од кои 51 килограм пастрмка и 102 килограми крап беа пуштени вчера во водите на Крива Река, на осум локации во Крива Паланка и на браната во село Отошница во општина Ранковце.

Порибувањето го изврши Спортско рекреативниот риболовен клуб „Мрена “од Крива Паланка, а финансии за обезбедените количини риба донираше фирмата „Мали хидро-електрани Осогово“, во соработка и со поддршка од локалната самоуправа на општината.

19058728

– Порибување со пастрмка се изврши долж течението на Крива река на локалитетите кај Рудниците за олово и цинк „Тораница“ во село Узем, кај Киселичка река, во село Жидилово и на повеќе места во градскиот реон во Крива Паланка, додека крапот е пуштен во Отошничка брана во Ранковце, информира Александар Рангелов, претеседател на СРРК „Мрена“.

kriva reka poribena so 153 kilogrami pastrmka i krap

 

Спортско рекреативниот риболовен клуб „Мрена“ од Крива Паланка согласно договорот со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ е концесионер на реонот Крива Река 1 кој го опфаќа течението на реката од извориштето на Калин Камен до местото каде во неа се влева Кратовска Река. Концесијата е со важност од 6 години, од 2014 до 2020 година.

– За контролирање на евентурално рибокрадство и недозволено рибарење на концесионерскиот регион „Мрена“ има вработено и лице кое врши постојана контрола и надзор, додаде Рангелов.

11454200

Спортско рекреативниот риболовен клуб „Мрена“ од Крива Паланка е формиран во 1997 година. Моментално клубот брои 250 активни членови.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close