fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Укинати царинските давачки за тестенините, цените на храната ќе продолжат да се намалуваат

Вицепремиерот очекува намалување и на цените на млекото и млечните производи, бидејќи, како што рече, за дел од производите цените се вештачки зголемени. – Се додека гледаме неморално и неетичко однесување на пазарот од било кој субјект, ние тоа не можеме да го дозволиме и граѓанинот мора да се заштити, кажа вицепремиерот.

Инфлацијата бележи опаѓање, тренд што започна во октомври и тоа е убава новина што сите ја гледаме, а во следниот период очекуваме и намалување и цените на млекото и млечните производи, изјави вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

 

 

– Економските движења укажуваат дека има активности со кои инфлацијата паѓа и што е добра информација за сите. Во овој период и покрај сите одредени мерки за помош и на стопанството и на граѓаните, за жал тенденцијата за раст на цени продолжи и рековме дека мора да се стави крај. Интересот на граѓанинот мора да биде на прво место. Затоа донесовме одлука за замрзнување на цената на основниот прехранбен производ- лебот, рече Битиќи во гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека на вчерашната владина седница била донесена уште една одлука која дополнително ќе помогне во оваа насока.

– Ги укинавме царинските давачки за тестенини и одредени производи коишто влегуваат во палетата на основни прехранбени производи коишто сметаме дека дополнително ќе придонесе наредниот период да има намалување на цените, истакна Битиќи, додавајќи дека трендот на замрзнување на цени ќе продолжи.

Вицепремиерот очекува намалување и на цените на млекото и млечните производи, бидејќи, како што рече, за дел од производите цените се вештачки зголемени.

– Се додека гледаме неморално и неетичко однесување на пазарот од било кој субјект, ние тоа не можеме да го дозволиме и граѓанинот мора да се заштити, кажа вицепремиерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close