Современото земјоделско производство е интензивно и секогаш е поврзано со поголем принос и подобар квалитет со цел поголем профит. Сонот на секој фармер е да ја постигне оваа цел.
Растението како и секој организам има потреба од одредени компоненти за пораст. Основната компонента на клетките се протеините а протеините се изградени од аминокиселини. Растенијата ги синтетизираат аминокиселините од јаглерод и кислород добиени од воздухот, водород добиен од водата во почвата, во процесот на фотосинтеза формира јагленохидрати кои потоа ги комбинира со азот добиен од почвата, при што краен резултат е формирање на аминокиселини. Потребата од аминокиселини е есенцијална особено во критичните фенофази од развојот на растенијата. Аплицирани фолијарно растенијата ги апсорбираат преку стомините отвори. Голем број на научни истражувања покажале дека аминокиселините директно и индиректно делуваат на физиолошката активност на растенијата.
Влијанието на аминокиселините врз растенијата е повеќекратно, тие делуваат на:
- Синтезата на протени
- Позитивно делуваат врз растението при стресни ситуации
Стресните ситуации како што се високи или ниски температури мразеви, град и поплави негативно делуваат врз метаболизмот на растението, кои доведуваат до намалување на приносот и квалитетот. Со апликација на аминокиселини пред и по стресните ситуации му се помогнува на растението подобро да ги преброди стресните ситуации како и побрзо да се опорави од евентуални штети.
- Ја подобруваат фотосинтезата
Аминокиселините ја зголемуваат концентрацијата на хлорофил во растението, што на крај придонесуваат за зголемена фотосинтеза.
- Делуваат на синтезата на растителни хормони кои се неопходни за развој и плодоносење т.е аминокиселните се активатори на растителните хормони
- Го подобруваат оплодувањето и формирањето на плодови
L-Proline ја подобрува фертилноста на поленот, L-Lysine,L-Methionine, L-Glutamic Acid се есенцијални аминокиселини за оплодување. Исто така аминокиселините ја зголемуваат р’тливоста на поленот.
Од оваа година на нашиот пазар се наоѓа еден од т.н. динамични биостимулатори кој покрај аминокиселни содржи и екстракт од морски алги, витамини од фармацевската компанија Rosche, јагленохидрати, бетаини и систем за транспорт во растението. Станува збор за биостимулаторот Millerplexод реномираниот американски производител Miller chemicals.
Изготвил:
М-р Петковски Ефтим
(Докторант на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје)