Уште една инвестиција на „Тиквеш“, нови лозови насади на 120 хектари во Велешко
Инвестицијата е дел од четиригодишната инвестициска програма на „Тиквеш“
Винарската визба „Тиквеш“ денеска ќе ја промовира инвестицијата во нови лозови насади на 120 хектари во месноста Бабуна, во околината на Велес.
Инвестицијата е дел од четиригодишната инвестициска програма на „Тиквеш“ во сегментот на примарно производство, чија цел е до крајот на 2022 година да бидат насадени над 400 хектари со нови висококвалитетни сорти грозје и да бидат обновени над 50 проценти од постојните 1000 хектари лозови насади на винарницата.
На настанот е предвидено да присуствуваат и да се обратат претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, како и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски.https://nezavisen.mk/ushte-edna-investicija-na-tikvesh-novi-lozovi-nasadi-na-120-hektari-vo-veleshkoushte-edna-investicija-na-tikvesh-novi-lozovi-nasadi-na-120-hektari-vo-veleshko/