fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Денеска се исплаќаат дополнителните средства за тутунарите

Почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари

Почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакет поддршката за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19, соопштија од Генералниот секретаријат при Владата.

-Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа. На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари, наведува Владата.

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close