УСПЕШЕН БИЗНИС: Го продава сето брашно што ќе го произведе
Кога веќе не знаел што да прави со вишокот тикви кои ги има, Тихомир Сотинац од селото Оток кај Винковци, одлучил да направи од нив брашно.
За само неколку месеци ги продал залихите. Сотинац има полни раце работа, а од еколошки произведените тикви прави брашно.
Оваа година планира двојно да ги зголеми површините. Ова безглутенско брашно е барано и ценето во Хрватска.
„Тиквата ја сечеме како чипс, ја носиме во сушара, сушиме и мелеме. Нема адитиви, нема ништо, тоа е чист концентрат од тиква. Брашното ќе оди во Ирска, Англија и во еден ланец во Европа, и во три трговски ланци во Хрватска“ – раскажува Сотинац.
Тој има 4 постојани, и 50-тина сезонски работници.
Овој бизнис е исплатлив затоа што килограм од оваа тиква чини 4 куни, а килограм брашно од неа е 100 куни.
„Од 10 килограми тиква добиваме еден килограм брашно. Значи, му доаѓа 10 на 1“ – додава Сотинац.
Раскажува дека можно е наскоро ова брашно да се продава и во Америка.