fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Уште десет дена трае рокот за поднесување на барања засубвенции за Програмата за земјоделство 2020 година

 Поточно, земјоделците можат да ги поднесат барањата за субвенции до 31- ви јули 2020 година.Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за  заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

 

При барање на помош од страна на вработените во Подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, се со цел превенција и заштита од вирусот „COVID 19“.

 

Земјоделците пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.

 

МЗШВ отвори дополнителни канцеларии од времен карактер во следниве општини: Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци. За непречено одвивање на активностите канцелариите се комплетно опремени со канцелариски мебел и материјали за работа. Сите дополнителни канцеларии се снабдени со средства за дезинфекција.

 

Со цел да се спречат вообичаените гужви, изготвени се списоци по азбучен ред ред. Онаму каде што има потреба, има двосменско работење, а вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на Ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор  како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.

 

Како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат  условите за користење на оваа поддршка а соглсно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите. Така ќе продолжиме и во иднина. Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина  ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијаеме во развој и модернизирање на домашниот агро сектор а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи.

Слични написи

Back to top button
Close