fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ВАЖНО-Утре Плетвар ќе биде блокиран 6 часа, од 10 до 16 часот-се интензивираат протестите на тутунарите

Ние ќе продолжиме со зголемен интензитет на протестите и ќе одиме до крај, нема повлекување, тутунот за џабе не го даваме, велат членовите од Иницијативниот одбор на тутунарите кои ги организираат протестите.

Утре планинскиот премин Плетвар на патот Прилеп-Градско ќе биде блокиран 6 часа, од 10 до 16 часот. Се интензивираат протестите на незадоволните тутунари од цела Пелагонија. Тутунарите се крајно револтирани на откупувачите за кои велат дека си поигруваат со нивната мака и судбина. Иако денеска требаше линијата за откуп да биди флексибилна и „жолтото злато“ да се  цени според вистинскиот квалитет тоа не било секаде така. Плетвар е единствениот патен правец кој, освен ако не се оди преку Скопје, ја спојува Источна и Западна Македонија.

-Некаде тутунот се ценеше подобро отколку минатите денови, но на поголем дел од откупните пунктови ситуацијата беше иста. Ваква скалеста линија не е прифатлива за нас. Вредноста на тутунот треба да биде секаде иста, на сите пунктови во цела Македонија, а не да се создава ваков лажен просек. Ние ќе продолжиме со зголемен интензитет на протестите и ќе одиме до крај, нема повлекување, тутунот за џабе не го даваме, велат членовите од Иницијативниот одбор на тутунарите кои ги организираат протестите.

Инаку денеска Огромен број тутунари буквално од цела Пелагонија дојдоа во Прилеп и во траење од 2 часа го блокираа патниот паравец Прилеп-Скопје кај месноста виикана Заполшки мост.  За да не дојде до радикализација и ширење на Ковид 19 со ваквите протести и со вакви масовни собири тие побараа државата веднаш да го реши овој нивни проблем затоа што според нив дека револтот бил толку голем што целата ситуација со протестите и блокадите можела многу лесно да излези од контрола.

Останува деновиве да се види дали откупувачиите ќе попуштат и ќе ги зголемат откупните цени.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close