fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Утре е важен ден за тутунарите – ќе се објават цените за тутунот од новата реколта

Во четврток јавно ќе се соопштат понудените откупни цени

Во тек се преговори помеѓу тутунарите и откупувачите како и по која цена ќе се откупува тутунот од новата реколта 2025.

Според соговорниците, понудените цени му се познати на Сојузот на тутунски здруженија, но законски не смеел да ги открива до четврток, кога јавно ќе ги соопшти понудените откупни цени.
Од разговорот со нив, тие истакнуваат дека имаат и предлози за повеќе законски измени со кои ќе се забрани увоз на ароматичен суров тутун, како и враќање на ингеренциите на Сојузот за договарање на цените. Во преостанатите пакет-барања се и измена на член од Законот за полагање за добивање лиценци не само на носителите на стопанството, односно на договорот, туку и на потесното семејство. Исто така, тутунарите бараат и враќање на откупот во класи, а не како годинава сѐ во една класа, но и тоа не се знае дали ќе се постигне.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close