fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски апелира да се стави крај на политичките поделби во земјоделството. Утре ќе се знаат мерките за оризот

Не сакаме никаква партизација, ниту политизација, тука сме за поддршка на земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека утре, по средбата со производителите на јаболка во Ресен, ќе соопшти какви мерки ќе се преземат во однос на барањата на оризарите кои денеска го блокираа магистралниот пат Штип – Кочани.

Се размислува, нагласи, за интервентно делување, а веќе се прават и проценки колку од оризот се уште не е откупен по што ќе се изнесе и конкретен предлог за дополнителна поддршка.

Николовски напомена дека досега оваа Влада за 300 отсто ги зголеми субевцниите за производството на ориз. Укажа и на одредени злоупотреби кои му ги посочиле производителите на ориз за време на средбата во Кочани, но тие допрва, како што рече, ќе се анализираат и испитуваат.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Николовски порача дека мора да се стави крај на политичките поделби меѓу производителите.

-Утре во Ресен ќе имаме средба со јаблкопроизводителите, ќе ја видиме состојбата и таму по што заеднички ќе излеземе со конкетни мерки за давта региона, и за производителите на ориз и за производителите на јаболко. Имаме и интервентен фонд од 250 милиони денари кој прв пат годинава ни е на рапсолагање. Ќе разгледаме се што е можно да помогнеме. Би порачал само, дека не сакаме никаква партизација, ниту политизација, тука сме за поддршка на земјоделците, тоа е наша обврска, информира министерот.

Тој потсети дека неговата прва средба откако се врати на фунцкијата беше токму во Кочани, со оризопроизводителите, но на неа не дошол градоначалникот иако бил повикан.

– Со производителите имавме конструктивна дебата, беа изнесени низа предлози и идеи. Разговаравме за можностите за интервнетни мерки. Ги знаеме пробемите, ги слушнавме на терен, на лице место. Правиме анализи колку ориз е се уште неоткупен, по што ќе излеземе со конкретен предлог за дополнителна поддршка. Секако дека во рамки на Програмата и расположливите средства, ќе реагираме. Не е лесно кога треба да се обезбедат пет или 10 милиони евра пари на граѓаните. Во Кочани бев информиран дека има и одредени злоупотреби, вклучување на трговците, на разни трети страни и големи средства се излеани по тој онов. Очекувам испитувања на сите овие информации кои производителите ги доставуваат до нас, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close