Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Утрово дел од маркетите без леб
Пекарите веќе го намалија производството. Утрово дел од маркетите во скопската населба Аеродром не добија бел леб. На полиците имаше самo вчерашени леб што дистрибутерите утрово го донеле, објави порталот МКД.
Претставниците на пекарската индустрија пред два дена најавија дека ќе го прекинат производството на лебот ако Владата донесе одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари. Вчера Владата ja замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.
Од пекарската индустрија најавија дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството.
Но, од утрово очигледно некои од пекарите почнаа да ја спроведуваат одлуката на групацијата.https://www.mkd.mk/