В година во Македонија и попис за земјоделие
Ова е сет на податоци кои долго се очекуваа и кои ќе ја покажат работната сила, степенот на образованието на населението, како и сет на вкрстени податоци, изјави Симовски.
Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за наредната година најави попис на земјоделието во земјава. Денеска во чест на 77-иот роденден на институцијата, Државниот завод за статистика го објави сетот податоци за степенот на образование на граѓаните, направени врз основа на пописните резултати од минатогодишната операција за пребројување.
„ Ова е огромен фонд на податоци кој денес го објавуваме. Не може да очекуваме дека сме најобразовани и економски најактивни во светот. Статистиката ги покажува бројките такви како што се. Ова е сет на податоци кои долго се очекуваа и кои ќе ја покажат работната сила, степенот на образованието на населението, како и сет на вкрстени податоци, изјави Симовски.
За втората половина од годината најави објавување на два нови сета податоци, еден кон крајот на летото и еден кон крајот на годината. Овој вториот, се однесува на податоци, како што рече Симовски, кои се правени врз базата „Грид“, која ќе овозможи успешно и според најнови методи просторно, урбано и рурално планирање.
На 77 годишнината од основањето на Државниот завод за статистика, Симовски истакна дека најголем предизвик на институцијата и претставува кадровскиот потенцијал, кој не бил обновен последните 4 години.
„ Клучниот предизвик е кадровскиот потенцијал на заводот. Во институцијата работат 250 лица. Последните 4 години нема ниту еден нов вработен а си заминаа 100 лица што по основ на пензионирање што по основ на заминување од работа. Нашата работа е специфична. Треба претходно 2 години да се примат нови лица на кои им треба година и пол до две за да се стекнат со статистичките знаења, бидејќи она што како знаење му е потребно на еден статистичар, не може да се научи никаде на друго место, вели Симовски.
Сепак, додава Симовски, дека Државниот завод за статистика претставува мала но експедитивна установа која располага со огромен број квалитетни податоци.https://novatv.mk/vgodina-vo-makedonija-i-popis-za-zemjodelie/