fbpx
ВестиМакедонија

Вакцинацијата на граѓани над 75 години почнува в среда, термините за закажување преку матичните лекари

Денеска и утре вакцините на „АстраЗенека“ ќе бидат дистрибуирани по градовите ширум земјата, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во среда ќе започне вакцинацијата на граѓаните над 75 годишна возраст, а денеска и утре вакцините на „АстраЗенека“ ќе бидат дистрибуирани по градовите ширум земјата, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека во крајна фаза се административните работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата и сериите на вакцината која вчера стигна во земјава.

„20.000 граѓани коишто се веќе пријавени и се на возраст над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење, во кој пункт и точно во кое време од среда натаму да се јават на вакцинација. Разговараме со повеќе институции заинтересирани државни институции, постепено се генерираат и други списоци од други извори за понатаму во текот на месецот да бидеме спремни за и други категории на граѓани да се вклучат во процесот на имунизација“, изјави Филипче.

Ревакцинацијата со „АстраЗенека“ е за три месеци, додека според најавите, останатата количина од 100.000 дози на вакцини, преку Ковакс механизмот, во земјава треба да пристигнат до крајот на април. Министерот Филипче порача дека вакцината е безбедна за граѓаните.https://www.radiomof.mk/filipche-vakcinacijata-na-gragjani-nad-75-godini-pochnuva-v-sreda-terminite-za-zakazhuvanje-preku-matichnite-lekari/?fbclid=IwAR34sQFhTfbkd-9ZP_AqrYfbgN3Y_pG_u9L8kmDkNmADgZY5gpbPbLQzgAs

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close