fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ванчо Кировски-човекот што им ја всади љубовта кон пчеларството на многу млади луѓе

Ванчо Кировски се занимава со пчеларство уште од далечната 1993 година, а последниве години е посветен на одржливото пчеларство.

Ванчо Кировски е претседател на здружението Меден Исток и еден од едукаторите кој преку обуките за основно пчеларство на одржлив начин им ја всади љубовта кон пчеларството на многу млади луѓе од државата.

Ванчо Кировски се занимава со пчеларство уште од далечната 1993 година, а последниве години е посветен на одржливото пчеларство. „Во досегашната пракса, лично сум ги испробал сите конвенционални и органски методи и технологии на пчеларење и денес со сигурност можам да кажам дека најдобар начин е одржливото пчеларење со употреба на биотехничките методи. Сметам дека овие методи уште повеќе можеме да ги усовршиме и комбинираме за попродуктивно пчеларење.“

„Како претседател на Меден Исток, морам да потенцирам дека нашата успешност и резултатите на секој поединечно, се плод пред сѐ на несебичната поддршка на тимот од Фармахем, кој ја координира Програмата за зачувување на природата (ПЗП) финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Најважно според мене е да пчелариме со љубов, трпеливост и упорност кон пчелите.“
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close