fbpx
ВестиТоп вести

ВАУЧЕРИ ЗА „ЗЕЛЕНА НАФТА“ ЗА 1.899 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД КОЧАНСКО

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани денеска почна дистрибуцијата на ваучерите за „зелена нафта“ за што во кочанско евидентирани се вкупно 1.899 земјоделски стопанства.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, кој денеска присуствуваше на врачувањето на ваучерите, изјави дека интересот на земјоделците е голем.

– Со мерката за покривање на дел од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација, за земјоделците од Кочани се одобрени околу 3,4 милиони денари. Тоа е значителен износ што токму во овој период кога претстојат жетвените активности на оризот, ќе им помогне полесно да ги реализираат. Со денешната распределба на картичките за „зелена нафта“ веќе остваривме над 90 отсто од планираниот број на ниво на целата држава и очекуваме до крајот на неделата нив да ги добијат и преостанатите земјоделци, истакна Бабовски.

Земјоделците имаат рок од 60 дена да ги подигнат ваучерите од подрачните единици за земјоделство и да ги искористат најдоцна до април идната година.

На предавањето на ваучерите присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој се осврна на соработката со Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделството, притоа напоменувајќи дека досега се добиени неповратни средства од околу 60 милиони денари за реализација на четири инфраструктурни проекти.

Извор: 24мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close