вести

Земјоделците бараат парите за продаденото да ги добиваат за 30 дена, а не како досега за 90

(Oвој напис е објавен на: март 9, 2018)

zemja

Наместо за 90 откупениот зеленчук трговците  и преработувачите да го исплаќаат за 15 до 30 дена. Сегашниот рок за земјоделците е предолг и бараат законски измени со кои истиот ќе биде скратен.  Велат некои откупувачи  не го запазуваат и тој период па се случува парите од мината да им бидат исплатени оваа година со што им се создаваат дополнители проблеми околу оданочувањето.

,, Реколтата од 2017 година ни ја плаќаат сега во 2018 година и парите ни ги земаат УЈП. Ќе се соочиме со проблем сега година.,, вели Васе Митушев- земјоделец од Куклиш

,, Тоа никаде го нема во светот бидејќи во пазарна економија се знае, купи плати . Нас никој не не чека за ѓубре и репроматеријали, така да мислам дека рокот треба да биде 15 дена.,, вели Ванчо Митев – од Еко градинар од Добрејци

На  последната средба со дел од земјоделците во Струмица ресорниот министер информираше дека дека ова  како и голем дел други прашања важни за нив веќе се разгледува. Тој  најави  дека освен средби со сите засегнати страни  се прават  сериозни анализи  кои ќе придонесат за  дополнителни  и соодветни законски измени што  ќе се овозможат  сигурна исплата на средствата кои откупувачите им ги должат на земјоделците.


 

сител

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close