По 12 пат старата битолска чаршија е локацијата на фестивалот посветен на музиката и традицијата. Фестивал кој потсетува на една стара традиција што во минатото ја негувале еснафите во Битола. Го пиеле своето кафе и се засладувале со локум познат надалеку. Истовремено говореле за згодите и незгодите во тоа време.
„Фестивалот ја задржува досегашната динамика и ќе трае три денови. Секоја од фестивалските вечери има свој сензибилитет и вреди да се види, вели Тоше Ивановски програмски координатор на проектот.Првата вечер ја започнуваме со македонски песни во староградски напев, изведувани од Пеачката вода „ Морски перли“, со ансамблот Македонка , од Варна, Р.Бугарија, за да продолжиме со македонско-турската тајфа
Balkananatolia Ansambl…Крајот на првата вечер му го оставаме на новите звезди на македонската чалгиска музика „Чалгија Мерак“.
Втората вечер е резервирана за најпознатата македонска етно тајфа, „Баклава“ која ќе ни се претстави во чалгиско издание. После нив следуваат бисерите на овогодинешното издание на фестивалот словенечката група Еthnusiasm.
Третата вечер е посебно изненадување. Вевки чалгија трио составена од искусни чалгии че изведуваат турка чалгија, за да ја загреат атмосверата за нашите гости од Индија – Tapi Project, додава организаторот“.
За локумот и оваа година задолжена е компанијата DONIA.
Занаетите одамна изумреле и во старата битолска чаршија скоро и да ги нема. За она што некогаш значело занает и секаде било ценето ќе се погрижат члневоите на ЗУР Македонски ракотворби и Организација на жени од Битола со изложба на ракотворби и сувенири карактеристични за битолскиот крај.
Фестивалот се организира во рамки на Бит фест Битола, а е поддржан и од Министерството за култура на РМ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ.
Павлина Јовановска
За „Зелена берза“