fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Вчера се изврши првото авионско засејувањe врз градоносни облаци, спречена појава на град во повеќе региони

Од УХМР посочуваат дека,  доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери и штетата ќе беше многу поголема,објавува МЗШВ.

Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, во текот на попладневните часови од вчерашниот ден (20.05.2020 година), имаа прва  успешна интервенција за спречување на појава на град со новата метода за авионско засејување на градоносните облаци.

По најавата за очекувани временски непогоди поради дестабилизација на временските услови на територијата на нашата држава и во целиот Балкански регион, Управата за хидрометеоролошки работи подготвено и успешно го неутрализираше опасниот ефект од очекуваното невреме.

Првото дејство врз градоносни облаци со авионско засејување е изведено во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка каде е дејствувано во 15:50 часот, со четири палки  (400 грама реагенс среберен јодид), врз потенцијално опасен градоносен облак кој после авионското засејување во понатамошниот тек преминал во појава на дожд.

Второто успешно дејство е изведено во регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. Таму  е дејствувано двапати, еднаш во 16:03 часот со шест палки и повторно во 16:23 со уште шест палки. Во овој регион имаше појава на град, а по дејствувањето со авионско засејување врз градоносниот облак, во понатамашниот тек е забележана само појава на пороен дожд.

Од УХМР посочуваат дека,  доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери и штетата ќе беше многу поголема,објавува МЗШВ.

Слични написи

Back to top button
Close