До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.
јануари 30, 2024
53
ВРЕМЕТО УТРЕ: Утрото студено, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.