fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Верверица скрила 70 кг ореви во возило-Сопственикот морал да го отстрани предниот дел за да исчисти сѐ! (ФОТО)

На фотографиите објавени на социјалната мрежа, Фишер покажува кофи од 19 литри исполнети до врвот со резерви од оваа вредна верверица.

Сопственик на „Chevrolet Avalanche“ го пронашол своето возило полно со ореви, откако го оставил паркирано четири дена.

Верверичките се многу слични со луѓето по тоа што можат да планираат однапред за управување со резервите на храна во текот на долг временски период. Сепак, овие мали глодари не се секогаш во можност да изберат соодветно место за чување на нивната жетва.

Така, една верверица одлучи да ги чува оревите што ги собираше за зимата во моторниот простор на возилото.

Сопственикот на возилото, Бил Фишер од Северна Дакота, САД, го пронашол својот „Chevrolet Avalanche“ полн со ореви, откако го оставил паркиран четири дена. На фотографиите објавени на социјалната мрежа, Фишер покажува кофи од 19 литри исполнети до врвот со резерви од оваа вредна верверица.

Фотографиите исто така покажуваат дека секој слободен агол под хаубата и браниците биле исполнети со ореви.https://plusinfo.mk/ververica-skrila-pove-e-od-70-kg-orevi-vo-vozilo-sopstvenikot-moral-da-go-otstrani-predniot-del-za-da-ischisti-s-foto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close