fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски ги потпиша налозите за исплата на сточарите

Налозите се испратени за нивна реализација во трезорот на Министерство за финансии

Започнува исплатата на субвенциите за сточарско производство !
Налозите за исплата на финансиската поддршка за одгледувачите на овци, кози и говеда се изготвени од АФПЗРР и испратени за нивна реализација во трезорот на министерство за финансии.
Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои пријавиле одгледување на овци, кози и говеда кои имаат наполнето 12 месеци до денот на поднесување на барањето.
Агенцијата ќе продолжи со обработка на податоците од откупните претпријатија и кланиците со цел обезбедување на дополнителна поддршка за сите одгледувачи кои имаат произведено и предадено млеко кај регистрирани откупувачи на млеко или предале јагне / говедо / јаре во кланичен капацитет, објави Никица Бачовски, директор на Платежната агенција.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close