fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Веселите пејзажи од Веселчани

Сега според жители на селото иселени во прекуокеанските земји, во Веселчани живеат околу 50 жители, претежно старци.

Прекрасни пејзажи доловуваат фотографиите на „Зелена берза“ од прилепското село Веселчани во плодната Пелагонија.

Селото е сместено во јужниот дел на Прилепско Поле од градот оддалечено само 14 метри. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Алинци на исток, Тополчани на југ, Загорани на запад и Галичани на север. Според записите од книгата „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Веселчани (Vesseltchané) е посочено како село со 24 домаќинства и 113 жители христијани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) од 1900 година, Веселчани имало 350 жители, сите христијани.

Во почетокот на XX век, Веселчани било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев,  во 1905 година во Веселчани имало 160 христијани егзархисти, а во селото работело и бугарско училиште.

Според пописните податоци од 2002 година, селото имало 98 жители. Сега според жители на селото иселени во прекуокеанските земји, во Веселчани живеат околу 50 жители, претежно старци.

Подготвил:Анета Блажевска

Фотографија: Ивона Кочов

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close