fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ВИДЕО-Овчарите разочарани-јагнето се откупи по 200 до 220 денари во најдобар случај

Цените на јагнето за божиќниот откуп ги разочараа сточарите. Тие се загрижени од ниските откупни цени на јагнето за божиќниот откуп. Овие цени од секогаш биле показател какви цени ги очекува наролет кога се продаваат најголемиот дел од јагнињата за велигденскиот откуп.

Божиќниот откуп на јагниња заврши. Сточарите крајно револтирани што трговците повторно им откупуваат по цени кои со години не се променети. Овој откуп на јагниња за кои трошоците се многу големи бидејќи овците не одат на паша туку им се дава јачмен и други концентрати според нив би требало да има цена од 250 до 270 денари за килограм а при откупот трговците им ги земале за 200 до 220 денари во најдобар случај.

Иста е состојбата и во велешниот регион каде јагнето се откупуваше по нерално ниска цена што ги загрижува сточарите бидејќи ова е показател дека за велигденскиот откуп каде одат 80 до 90 насто од јагнињата повторно ќе биде ниска откупната цена што ќе биде погубно за овчарството кое секоја година е се послабо.

На важноста од сигурен пласман по добри цени укажуваат и од најголемата органзиација на земјоделците – националната федерација на фармери. Тие побараа во новиот модел каде како услов за добивање субвенција се воведува белешка од регистриран откупвач да се воведе и т.н. пријавен лист за да не бидат земјоделците уценувани од откупувачите и да можат и меѓу себе едни на други да си продаваат јачмен и сточна храна без да го узгубат правото на субвенции.https://kanal5.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close