
Владата ќе го спасува комплексот Македонско село
Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од изнаоѓање Решение за стопанисување и управување со Комплексот Македонско село во Нерези-Скопје, и донесе одлука за формирање работна група за разгледување на сите аспекти на новонастанатата фактичка состојба, која ќе треба, врз основа на анализата на сите законски решенија, да предложи постапката со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот Македонско село.
Инаку фирмите „Тинекс“ и Квинс“ беа концесионери на етно-селото во Нерези кои ги отворија портите на комплексот што се градеше неколку години наназад.
Од Министерството за економија тогаш смета дека со изградбата на ова село ќе се зголеми туристичката понуда во Скопје.
– Реализацијата на проектот ќе чини околу три милиони евра, а за ентериерот е предвиден дополнителен еден милион. Сметаме дека тоа не е голема сума за ваква понуда, имајќи предвид дека со објектите во иднина ќе може да стопанисуваат приватни лица и на таков начин да се врати инвестицијата – изјави пред отворањето Ваљон Сараќини, министерот за економија, при една посета на селото.