fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

(ВИДЕО) Струмичката зелка годинава без пазарите во Русија и Украина – државата бара алтернатива

Бербата ќе биде понеизвесна.

На југоистокот на земјата се садат раноградинарски култури во пластеници. Ристо Велков во Василево одгледува рана пиперка, краставици, домати и зелка. Но, оваа година, вели, бербата ќе биде понеизвесна. Климата е фактор веќе години наназад, но поради војната во Украина драматично поскапеле и репроматеријалите.

Дали нашите земјоделски производи, пред се градинарски, ќе бидат надокнадени со висината на производствената цена, останува да каже времето, бидејќи знаеме дека кај нас, земјоделскиот производител работи без договорено производство. Што значи, останува стихијно самото производство“,

вели земјоделецот Ристо Велков.

Велков е претставник на Сојузот на синдикати на земјоделски производители за струмичкиот регион и претседател на локалното здружение „Агро сојуз“ од Василево. Вели дека она што земјоделците во моментов ги плаши повеќе и од скапите репроматеријали и од климата, е несигурниот пласман во Украина, каде традиционално се извезува голем дел од струмичката зелка.

Ако се случи уште повеќе да се намалат количините, згора на тоа ако се случи неизнаоѓање решение како и на кој начин да се пласираат производите, ќе имаме енормно намалување и на така намалените површини со засадување на земјоделски култури“,

смета Велков.

Во најголем дел, зелката во пластениците се уште зрее. Мал дел е веќе обрана. Тие мали количини завршиле на домашниот пазар. Грижата е што ќе се случува за две недели, кога ќе се берат поголеми количини за кои не се знае каде ќе се пласираат. Митко Карајванов, заедно со други земјоделци, беше на средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на која го соочија со нивните проблеми.

„Покрај ковид-19, сега се соочуваме со уште една криза, тоа е војната во Украина. Знаеме дека 70-80 насто одеше во Украина и Русија. Сега треба да се бара алтернатива, да видиме како сето тоа ќе се одрази, најпрво на зелката. па компирот“,

вели Карајованов.

Генерално, Украина и Русија не се големи пазари за земјава, но, се важни за одредени култури. И увозот не е голем, но проблемот е што Русија е најголем производител на амониум нитрат – клучна суровина за производство на вештачките ѓубрива кои ги користат земјоделците. Карајованов вели дека репроматеријалите за производство на ѓубриво веќе се двојно поскапи.

Сведоци сме дека ѓубривото минатата година беше околу 650 денари, сега е околу 1 200 денари. Правам муабет за 25 килограми. Тука да се најде некое решение и мислам дека сега во моментот актуелно е да бидат исплатени барем субвенциите за полјоделските култури. Сега ако во овој момент не се исплатат субвенциите за пченица и јачмен ние ќе влеземе во уште поголема криза со недостаток на пченица и јачмен“,

смета Карајованов.

Повеќе на https://360stepeni.mk/video-strumichkata-zelka-godinava-bez-pazarite-vo-rusija-i-ukraina-drzhavata-bara-alternativa/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close