fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Летното сметање на времето започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Викендов почнува летното сметање на времето. Ова е една од одлуките од 138-та владина седница.

Летното сметање на времето започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Потребата од донесување на оваа одлука е согласно Законот за сметање на времето и е во согласност со европски регулативи.

Летното сметање на времето за првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што подолго додека е ден. Требало да се заштеди на струја. Другите држави го следеле примерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close