Вила „Марија“ ја раскажува приказната за кралското семејство Караѓорѓевиќ

(Oвој напис е објавен на: February 6, 2017)

Под фасадата на Вила „Марија“ се крие приказната на кралското семејство Караѓорѓевиќ, поточно на кралот Александар, кој во 1928 година го купува земјиштето на кое сега се наоѓа  винарската визба „Еленови“ и уште триста хектари друго земјиште.

Vinarija Elenov 04 20140904 www.for91days.com DSC09119

Според зачуваните податоци од архивот на Србија, земјиштето било купено од неколку турски бегови.
По налог на кралот, на земјиштето биле подигнати лозови насади, но во истата таа 1928 година кралот посакал оваа убавина, овој спокој да го подели и да ѝ го подари на својата кралица, на својата Марија.

vila-marija

Вила „Марија“ е градена од архитект чие име не може да се најде во зачуваните записи. Пред самиот влез ве дочекуваат две женски скулптури, две триканиди, за кои се поврзани многу приказни околу нивното исчезнување и повторно враќање.

3AC143E2DCFC6A48888F53CDC386E0B1

 

 

Но една е вистинита, никој во Демир Капија нема или не сака да ви даде слика на која вилата е без своите скулптури.  Интересно е и што вилата, наспроти менувањето на сопствениците и стилското уредување – сите, буквално сите сопственици го задржале прекрасното старо огледало, во кое ликот некако поинаку се одразува. Вилата не е многу голема. Имала приватна соба, гостинска и, што е најважно, имала тоалет и бања.