Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николоски најави нов повик за ИПАРД, поддршката може да покрие повеќе од половина од инвестицијата

Јавниот повик ќе биде отворен 45 дена од денот на неговото објавување во дневните весници. Сите заинтересирани корисници ќе можат да ги преземат потребната документација и ажурираните упатства за аплицирање од официјалната веб-страница на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Новиот јавен повик за користење финансиски средства од ИПАРД програмата 2021 – 2027 ќе биде објавен во текот на следната недела, со што земјоделците, преработувачите и сопствениците на рурални бизниси ќе добијат можност да аплицираат за европска финансиска поддршка за реализација на своите инвестиции.

Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Кире Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска седница.

Николоски информираше дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 24 ноември веќе ја објавила претходната најава за јавниот повик број 01/2026, со кој ќе бидат опфатени три мерки од ИПАРД програмата.

Првата мерка се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, втората на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, додека третата е наменета за диверзификација на фирмите и развој на бизниси во руралните средини.

Јавниот повик ќе биде отворен 45 дена од денот на неговото објавување во дневните весници. Сите заинтересирани корисници ќе можат да ги преземат потребната документација и ажурираните упатства за аплицирање од официјалната веб-страница на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Вицепремиерот ги повика земјоделците, преработувачите и потенцијалните инвеститори да ги искористат можностите што ги нуди европската програма за модернизација на земјоделското производство, унапредување на преработувачките капацитети и развој на бизнисите во руралните средини.

Поврзани новости

Back to top button