fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Винариите од продажба направија 71 милиони евра! Кои се тие?

Генерално нашите големи винарии добро се справија со годината што ја одбележаа негативните ефекти од корона кризата.

 

ВВ „Тиквеш“ убедливо доминира на листата по приходи и според профит. Најсолидна профитна маргина имаат штипски „Езимит“,„Гоце Делчев Тиквеш“ од Кавадарци и Риго Импекс од Скопје. Генерално нашите големи винарии добро се справија со годината што ја одбележаа негативните ефекти од корона кризата

Најголемите 15 македонски винарии лани направиле приход од 70,8 милиони евра од продажба на вино и ракија. Во „корона годината“ девет од овие компании имаат раст на приходите, а 13 завршиле со профит од работењето. На листата убедливо најголема винарска визба е кавадаречки „Тиквеш“.

Македонија е голем и признат производител и извозник на вино, наливно и во амбалажа. Во очекување на официјалните податоци за извозот во 2020 година, само ќе потсетиме дека виното е еден од најголемите пет домашни производи и препознатлив извозен бренд на Македонијаhttps://faktor.mk/top-vinariite-od-prodazba-napravija-71-milioni-evra-koi-se-tie

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close