fbpx
Вести

Вината на „Стоби“ продолжуваат да ја освојуваат Америка

Американското списание специјализирано за вино „Вајн енд спиритс“ (Wine and spirits) во бројот што ќе излезе во јуни ќе ги препорача сортните вина „Жилавка 2013“ и „Вранец 2012“ на „Стоби“. Менаџментот на македонската винарија бил информиран од уредниците на престижниот магазин дека овие две вина ќе бидат издвоени и опишани како исклучително квалитетни. Доделени им се високи 86 поени и ќе им бидат претставени на големиот број читателите на „Вајн енд спиритс“ – заедница на повеќе од 200.000 обожаватели на виното и вински критичари од цела Америка.

The-Wall-Street-Journal-go-preporachuva-vinoto-Zhilavka-453x1024

„Стоби“ вчера (четврток, 7 мај) на својот штанд на „Веро вино-фест“ на паркингот на ТЦ „Џамбо Веро“ во Скопје организираше дегустација на белото вино „Жилавка“. Се работи за пијалок кој престижниот американски весник „Волстрит журнал“ пред 10-ина дена го рангираше меѓу топ пет пролетните вина во светот. „Жилавка“ се уште не е во отворена продажба во државава, но деновиве може да се дегустира на „Веро вино-фест“. Менаџментот на винаријата информира дека веќе од следната берба, ова сортно вино ќе може да се купи и во нашата земја.
„Вранец“ исто така ги освојува американските вински сладокусци. Во март беше препорачан од реномираниот весник „Вашингтон пост“. Винскиот критичар на овој престижен медиум го карактеризира како „богато и силно вино со сладок и зрел овошен вкус“. „Вранец“ е достапен како дел од редовното портфолио на винаријата во Македонија.

stobi

„Стоби“ годишно произведува околу 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино. Најголемиот дел се пласира на странските пазари меѓу кои и во Америка, каде може да се купат во голем број продавници како и преку интернет.
Во прилог ви испраќаме принт-скринови од статиите за „Жилавка“ и „Вранец“ во весниците „Волстрит журнал“ и „Вашингтон пост“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close