Вино и здравје
Во виното е вистината, но и нешто повеќе од тоа. Нашите предци, како и современата наука велат дека во виното има нешто многу значајно и за здравјето.
Голем број научни истражувања го потврдуваат благотворното дејство на квалитетното вино врз здравјето на луѓето, се разбира доколку се консумира умерено.
Виното содржи повеќе од 1.000 состојки, од кои повеќето се докажано корисни за нашиот организам. Полезното дејство на антиоксидансите, витамините и минералите содржани во квалитетните вина е повеќекратно. Умерената консумација на вино превенира кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на вкупен холестерол, ги подобрува когнитивните способности, го зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести…
За овие и многу други полезни дејства на виното биле свесни и нашите предци. Многубројните народни преданија, совети, рецепти, кои виното го препорачуваат како ефикасен лек за многу здравствени состојби, значајно придонеле за репутацијата на благотворен пијалак, која виното несомнено ја има.
Валентина Соколовска
за Зелена берза