Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци | opserver.mk
Кавадарци, 17 август 2020 () – Вина од македонски производители ќе може да се погледнат и да се купат во новиот кавадаречки Вински музеј што ќе биде отворен на 7 септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци. Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци | opserver.mk
Вината ќе бидат изложени во посебни витрини и ќе бидат дел од музејската поставка. Станува збор за вина произведени во средни и големи винарници, но и во мали семејни винарии. -Во иднина ќе има можност и за дегустација на македонски вина во рамки на активностите на Музејот и на манифестациите кои претстојат. Музејската поставка претставува отсликување на развојот на лозарството и винарството во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот, од антика до денес, изјави за в.д. директорот на Локален вински музеј за регионот „Тиквеш“ Кавадарци, Весела Честоева. Честоева најави и други активности со кои, вклучувајќи го и новиот Музеј, ќе се привлечат што поголем број туристи.
Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци | opserver.mk