Преку УАСИД  обуки за поквалитетна сточна храна до повеќе млеко

(Oвој напис е објавен на: June 27, 2019)

 

По двегодишна соработка на УСАИД со приватниот сектор од млеко преработувачката индустрија во државата  во Битола се одржаа циклус обуки поврзани со квалитетот на сточната храна како директен фактор за поголемо производство на млеко. Обуките се состоеја  во запознавање  на млеко преработувачите  со нова технологија  за анализа на квалитетот на сточната храна со користење на NIR (Near Infrared Spectroscopy) уреди.

-Станува збор за продолжение на проект  што канцеларијата на  УСАИД во Македонија  го реализира за развој на деловен еко систем. Заедно со поголемите преработувачки капацитети заеднички инвестираме во нови технологии се со цел да се подобри работата на фармите  и да се зголемат приносите на млеко. Сметаме дека Македонија има недостиг од сирово млеко,преработувачите се жалат постојано, бидејќи работат со 50% од инсталираниот капацитет, автоматски се и неконкурентни на регионалните пазари. Токму од таа причина водечките фирми како Бимилк, Лакталис,Вемилк, Екошар итн. интензивно работат во инвестирање на нови технологии кај нивните фармери, а  УСАИД виде огромен потенцијал  заедно со приватниот сектор да ко инвестира во синџирот на добавувачи на млеко, преработувачите  на млеко, бидејќи сметаме дека е од исклучителна важност за македонската економија, вели за Зелена берза Мирјана Македонска директор на проектот на УСАИД.  Во моментот кога Македонија  ќе ги отвори  преговорите за влез во ЕУ, автоматски ќе има забрана за зголемување на производството на млеко кое во моментот ќе треба да остане на истото ниво како и во моментот. Она што недостига на ниво една фарма се иновации, она што во развиените земји веќе е  абецедата на еден фармер , а кај нас уште не се применува, додава таа.

Во Италија имаме имплементирано аналитички сервис многу години наназад. Фармерите се многу свесни за квалитетот на кабастата храна, а со тоа веќе и го подобрија квалитетот на кабастата храна, вели италијанскиот професор Паоло Берзаги .

-Посетив  овде една многу добра фарма, но исто така знам дека постојат и многу други фарми, кои немаат големо производство на млеко, во главно бидејќи немаат добра исхрана. Целта на оваа средба е да ги запознаеме фармерите со важноста на исхраната и со новите алатки кои ги презентираме овде и се надеваме дека фармерите ќе увидат и ќе сфатат како може да ги користат за да се подобри производството на млеко, истакна  Берзаги.

Производителите свесни се дека храната може многу да помогне во зголемувањето на продуктивноста на кравите во фармите.

-Ќе се потрудиме со новиот апарат со кој ќе го мериме составот на сточната храна и со софтверот кој ќе се користи во нашата фабрика за нашите клиенти да  им излеземе во пресрет и  да им помогнеме да ја прават рецептурата за давање на храна на нашите крави, изјави Јуксел Сулејмани  раководител на откуп на млеко во Лакталис мк млекарница  Битола.

Испитувањето на квалитетот на сточната храна што фармерите ја произведуваат за да се знае што и недостига нејзе, за истата да биде квалитетно избалансирана за да се добие максимумот од молзните крави е само чекор напред од проектот што УСАИД започна да го реализира пред 7 години со воведување на систем капак по капка на пченка за зголемување на силажа. Проектот е поддржан од Здружението на производители на месни и млечни производи „Знак за квалитет“ Скопје.

П.Ј.