fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Штипските лозари оваа година без проблем го пласираат грозјето дури и по повисока цена

Откупната цена ја договоривме на 25 денари за килограм, но откупувачот, кој по своите стручни анализи вршеше посебни редукции со цел да се добие поквалитетно грозје, допонително нудеше 35 денари за секој редуциран килограм“, вели искусниот лозар од Штип, Лазо Тимовски.

Над 500 индивидуални лозари од вкупно 1.000 во Штипско годинава немаат ниту еден килограм род. Како што велат, не успеале да ги заштитат своите насади, па ја бележат најлошата година. Ако некои имале по еден до два тона грозје од декар, годинава немаат ниеден грозд.

Род имаат само поголемите лозарски стопанства кои применувале интезивни агротехнички мерки и со помош на системите за наводнување имаат рекордни приноси, некои и до 10 тони грозје од еден хектар лозов насад. Тие оваа година немаат ниту проблем со пласманот, за што придонес имаат зголемената побарувачка и високиот квалитет на произведеното грозје.

Со оглед на ваквите временски и стопански прилики, се случи како никогаш досега откупувачите од Тиквешијата да навалат на грозјето од штипскиот и светиниколскиот регион, па со лозарите од овој крај навреме склучиле соработки не само за откуп, туку и за самиот процес на одгледување на виновата лоза заради добивање квалитетно грозје.

„Неколку години соработуваме со најголемите откупувачи на грозје во Тиквешијата. Располагаме со 130 хектари лозов насад и годинава, благодарение на соработката со откупувачот кој го следеше развојот на виновата лоза во сите нејзини фази, добивме добар и квалитетен род. Можеби, придонес за тоа има фактот што насадите ни се под системот капка по капка, па така добивме принос од над 9.000 килограми од хектар. Нешто е помал од лани, но сепак сме задоволни. Откупната цена ја договоривме на 25 денари за килограм, но откупувачот, кој по своите стручни анализи вршеше посебни редукции со цел да се добие поквалитетно грозје, допонително нудеше 35 денари за секој редуциран килограм“, вели искусниот лозар од Штип, Лазо Тимовски.

Други штипски лозари кои имаат поголеми стопанства остануваат верни на локалните винарски визби, со кои имаат џентлменска спогодба родот заеднички да го ценат и врз основа на тоа, отпосле да го утврдуваат секој својот дел.

„Во атарот на селото Три Чешми кај Штип одгледувам лозов насад на 50 хектари. Сета грижа за родот и за неговата заштита е моја, откупот е грижа на винарска визба од Штип, со која соработувам повеќе години. Кога ќе завршат бербата и откупот и родот ќе влезе во финална обработка, тогаш седнуваме на маса и ги расчистуваме сметките. Досега не сме имале никаков проблем“, вели лозарот Маријан Цоневски од Штип.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close