fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Уапсени двајца битолчани во Грција кои сакале на див премин да пренесат девојка со забрана за влез во ЕУ

Од наши извори дознавме дека станува збор за двајца битолчани, од кои едниот бил од Битола, а другиот со место на живеење во село Егри, битолско. Неофицијално, двајцата битолчани превезувале девојка, која имала забрана да патува во земјите на Европската унија.

Грчки локални медиуми јавуваат дека двајца странци на возраст од 42 и 46 години, вчера напладне, се уапсени од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност во Лерин, Грција поради нелегален превоз на друг странец на див премин на границата Македонија – Грција.

Од наши извори дознавме дека станува збор за двајца битолчани, од кои едниот бил од Битола, а другиот со место на живеење во село Егри, битолско. Неофицијално, двајцата битолчани превезувале девојка, која имала забрана да патува во земјите на Европската унија.

Според порталот  „Нова Флорина“  https://neaflorina.gr/

„Конкретно, во контекст на насочени полициски проверки за идентификување на лица кои се активни во илегалната трговија со странци, горенаведената полиција откри, на подрачјето на Лерин, И.Х.Е. автомобил со 46-годишен возач и 42-годишен совозач и во проверка која била извршена било констатирано дека нелегално превезувале 23-годишен странец, кој претходно илегално влегол во државата, заедно, за паричен надомест“, пишува грчкиот медиум.

2η ΦΩΤΟΓΡΑΦΙΑ

Според објавата – „ Одземени се автомобилот што се користи за превоз, три  мобилни телефони и сума од педесет евра.“

Прелиминарна истрага за случајот е поведена од страна на Одделението за безбедност Лерин, а уапсените со кривичната пријава против нив се спроведени кај обвинител во Лерин.

Автор А. Блажевска

Фото https://neaflorina.gr/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close