fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Бербата на вишни е во полн ек, Димковски на средба со производителите и откупувачите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ги посети општините Карбинци и Василево и оствари средби со градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, и земјоделците производители на вишни и со откупувачите и преработувачи на вишни.

Во моментов, бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор помеѓу земјоделците производителите на вишни и откупувачите. Од таа причина, денеска министерот Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, ја посетија компанијата „Фруктана“, којашто откупува и преработува вишни, друго овошје и зеленчук. Се разговараше за нивните планови за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компанијата преку мерките од ИПАРД2-програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните.

Исто така, минисерот Трајан Димковски заедно со градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, остварија средба со дел од откупувачите и преработувачи на вишни и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево.
Ги слушнааа и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена.

Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ најави дека ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

На средбата, министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, којшто овозможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг, како и за сите мерки што ги презема МЗШВ за справување со последиците од Ковид-19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30% на 50%. Исто така, министерот Димковски ги информираше земјоделците за обезбедената поддршка од 10.000 евра за старт ап семејни бизниси, како и за други мерки од доменот на работење на МЗШВ.

Заедничкиот заклучок од денешните средби е дека земјоделците и откупувачите мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи.


 

makfax.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close