fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Високите температури уништија голем дел од земјоделските прозводи во тетовско

Високите температури невообичаени за овој период од годинава уништија голем дел од засаденото во тетовскиот регион, пред се со традиционални земјоделски култури. Најпогоден е тетовскиот грав и доматот.

Во просек на еден декар засаден со традиционалниот тетовски грав, има род до 200 килорами. Но годинава не е така.

Земјоделецот Драган Наумовски од тетовското село Долно Седларце, има засадено 1 хектар или 10 декари со тетовско гравче. И наместо 2000 тони грав, тој според првичните проценки ќе собере едвај 700 до 800 килограми од овој производ.

 

-Не знам годинава е многу лоша состојбата. Над 50 % од гравот е скапан, Претпоставувам поради температурити високи кои беа. И лани имаше малку род, но годинава е уште полоша состојбата. И овој проблем не го имам само јас, туку и речиси сите земјоделци од тетовско, рече земјоделецот Драган Наумовски.

Во лоша состојба е и доматот. И овој производ поради топлото  време, но и поради врнежите во голема мера е скапан и кај него се имаат појавено повеќе болести.

 

-Освен што е намален родот поради тоа што производите ги фатија разни болести, од друга страна поради корона кризата тие не се продаваат. Многу е лоша состојбата, затоа и земјоделците од година вгодина ги намалуваат површините засадени со земјоделски производи, рече земјоделецот Ацо Јовановски.

Агрономите сметаат дека земјоделците треба да бидат поедуцирани посебно повозрасните, за да знаат какви препрарати треба да користат кога се појавуваат разни болести на земјоделските производи.

-Сега болестите на тетовското гравче и доматот се јавија пред се поради топлото време. Тие треба да се прскаат поготово доматот да се прска поради црната дамка, треба да се употребуваат бакарни препарати и системски препарати за да се спасат од овие болести, кои се појавуваат пред се поради климатските промени , рече агрономот Сулејмна Калишта

 

Статистиките говорат дека секој година се намалуваат површините засадени со тетовско гравче. Слична е состојбата и со останатите традиционални земјоделски производи.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close