Кенија ќе го продава чајот според однапред утврдени договори за цени

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Кенија, најголем извозник на црн чај во светот, размислува воведување на првите фјучерси на чај во светот, односно продажба по претходно договорени цени на берзата. Земјата сака да ја поддржи стабилизацијата на цените и да им помогне на производителите да обезбедат профит од производството, пишува „Блумберг”.

kenija kje go prodava chajot spored odnapred utvrdeni dogovori za ceni

 

Можноста земјоделците да може да го заштитуваат ризикот од цени ќе биде од голема корист. Co тоа ќе се обезбеди платформа за инвеститорите кои сакаат сигурност за своите инвестиции, вели Теренс Адембеса, раководител на одделот за деривати на берзата.

Чајот е најпотрошен пијалак во светот по водата, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Кенија е третиот најголем производител на чај во светот по Кина и Индија. Освен тоа, во земјата се наоѓа и најголемиот пазар за оваа културата во пристанишниот град Момбаса.

Иако постојат фјучерси на суровини како кафе и сок од портокал, такви на чај недостигаа поради тешкотии при стандардизирање на растението поради разните видови и квалитет во сезоните и жнеење, вели ФАО.

Нестабилноста на цените во комбинација со зголемените трошоци за производство го направа секторот исклучително непривлечен, со што се намалува враќање на земјоделците. Просечната тендерска цена на чајот на берзата во Момбаса е намален за 22 отсто оваа година на 2,25 долара за килограм по растот од 34 отсто минатата година.

Кенија генерира 1,2 милијарда долари од извоз на чај минатата година, што е втор најголем извор на профит во странска валуга по дознаките на граѓаните што живеат во странство. Суровина се одгледува од 560 илјади мали фармери чие производство лани достигна 399 метрички тони, според податоците на статистичката служба на земјата.