Вистинско чудовиште во Тиквешкото Езеро: Извлечен сом тежок цели 70 килограми и должина од 205 сантиметри
Рибарот Глигор Чејков
Рибарот Глигор Чејков по 30 минутна борба на Тиквешкото Езеро успеа да извлече сом, верувајте или не тежок цели 70 килограми и должина од 205 сантиметри.
Еве што напиша- На ден 13 Април 2021 г на Тиквешкото Езеро 19:20 ч. чекајќи крап удира сом
Рибар јас ( Глигор Чејков)
Трска параболик (Harrison Aviator 3,9m 3,5 lib
Машинка (Daiwa Basia QDX)
Основен конец монофиламент (sufuks tritanium 0,30 )
Подвез флуорксрбон 0,30
Јадица (hayabysa p-1 nrb 6 ka)
Мамец боила (maros) mesna и pop up ( ico baits)
Со помош на тимот од СРК Оскар Кавадарци
( Borce Elenov Koce Kocev i Kire Malinkov)
во кој сум член и јас извадивме трофеен примерок на сом од 70кг тежина и 205цм должина во борба скоро 30 мин.
Адреналинот трае сеуште.
Оваа доживување му го посакуваме на секој спортски риболовец.https://shilomagazine.com.au/2021/04/15/