ВестиМакедонијаТоп вести
Владата ги усвои новите мерки за спречување на ширењето на корона вирусот
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:
- Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
- На седницата е донесена одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
- Владата усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.